Четврта пол-позиција по ред за Бањаја, ужас за лидерот Квартараро

Мотоциклистот на Дукати, Франческо Бањаја ќе стартува од првото место на утрешната трка за Големата награда на Емилија Ромања во Мизано. 

Италијанецот до својата четврта пол-позиција по ред  дојде со време од 1:33,045 минути. Во првиот стартен ред друштво ќе му прават уште два мотоцикли на Дукати и тоа тимскиот колега Џек Милер, а тука е и Лука Марини.

Потоа следуваат Пол Еспаргаро, Мигел Оливеира, Франко Морбидели, Марк Маркез, Икер Леукона и Данило Петручи. Лидерот во генералниот пласман Фабио Квартараро тркта ќе ја почне од 15.место.