Биното повеќе не е технички директор во Ферари

Шефот на Ферари, Матија Бинато, ќе биде разрешен од функцијата главен технички директор за да се фокусира само на менаџирањето на тимот.

Италијанецот досега ги комбинираше двете позиции, но очигледно ова не е добра опција. Според италијански сајт „Мотоспорт“, техничката улога на Биното ќе биде поделена помеѓу три лица. Се уште нема официјална потврда за информациите, но таа може да биде јавно објавена пред трката за Големата награда на Германија на „Хокенхајм“.

Енрико Кадриле ќе биде одговорен за шасијата, Давид Санчез за аеродинамиката и Корадо Лоти за моторот. Тие директно ќе одговараат на Биното. Како потврда за нова смена во структурите на Ферари, доаѓа и фактот што подоцна оваа година Алфа Ромео ќе го врати главниот дизајнер Симоне Реста. Што точно ќе биде неговата работа, се уште не е објавено.