Бецеки постави рекорд во Валенсија, откажа моторот на Бањаја

Завршени се квалификациите пред Големата награда на Валенсија кој е и последниот натпреварувачки викенд од сезоната во Мото ГП.

Пол позицијата ја освои Италијанецот Марко Бецеки кој минатиот викенд во Португалија стигна до својот втор триумф сезонава, а денеска го запиша и најбрзиот круг со време 1:28,809 минути со што постави и рекорд на патеката во Валенсија. Ова е петти пат 27- годишникот од Римини да ја освои првата стартна позиција.

Двократниот шампион Франческо Бањаја немаше среќа и не ги заврши денешните квалификации откако му откажа моторот.

Првиот ред го пополнија уште: Алекс Маркез Фабио Ди Џанантонио , додека веднаш зад нив ќе стартуваат Рауљ Фернандез, Педро Акоста и Фабио Квартараро.

Главната трка е закажана за утре во 14:00 часот.

 

Фото: EPA