Бањаја падна во финишот, Бастијанини ја покори Франција (ФОТО)

Енеа Бастијанини славеше на трката за Големата награда на Франција, која беше седма во шампионатот на Мото ГП, а на подиумот му се приклучија Џек Милер и Алеш Еспаргаро.

Бастијанини имаше одлична трка во Ле Ман, а на седум кругови пред крајот тргна во напад за водство, по што Бањаја реши да му врати, но сепак излета од патеката.

Следната трка се вози за две недели во Италија.