Астон Мартин сака шампионски тим - потпиша со најуспешниот дизајнер, а ќе го „лови“ и Ферстапен?
Њуи потпиша петгодишен договор со Астон Мартин и ќе добива по 30 милиони евра годишно, а ќе почне со работа во новата екипа од следната сезона.
Најдобриот болид на Њуи беше „РБ19“ кој стигна до 21 победа на 22 трки во сезоната и стана најуспешно возило во „најбрзиот циркус“ во светот.
Екипата од Формула 1 набрзо сака да тргне и по потписот на светскиот шампион Ферстапен, иако тоа ќе биде тешка мисија, меѓутоа доколку создаде квалитетен болид можеби би успеал да го добие потписот на Холанѓанецот.