Алонсо нема дилема: Ферстапен ќе биде шампион и мора да се помириме со тоа!
По тестовите во Бахреин, поранешниот светски шампион и возач на Астон Мартин, Фернандо Алонсо кажа дека Ферстапен ќе ја одбрани титулата во Формула 1.
„Макс е светски шампион, а Ред Бул доминира во спортот. Концептот кој го претставија оваа година е изненадување. Ова е брутален спорт, дури 19 возачи во моментов мислат дека Ферстапен ќе биде шампион и мора да се помириме со тоа“, кажа Алонсо.
Ред Бул минатата сезона беше доминантен во спортот и возачите на екипата славеа на дури 21 од 22 трки.