Алфа Ромео го претстави новиот болид и ги воодушеви навивачите (ФОТО)

Неколку екипи досега ги објавија дизајните на болидите за новата сезона во Формула 1, а сега тоа го направија и од Алфа Ромео Заубер.

Алфа Ромео го претстави новиот болид наречен „љубовна приказна“ со порака „љубов на прв поглед“, а тој веднаш излезе на патеката.

Честа со новата Алфа да го вози првиот круг имаше Кими Раиконен, возач на екипата.