„Ако Формула 1 не ја научи лекцијата, судир ќе го реши шампионот“

Трката за Големата награда во Саудиска Арабија донесе многу возбудувања, а првиот човек на Мерцедес, Тото Волф е загрижен за тоа што ќе се случува следната недела на последната трка во Абу Даби.

Ферстапен беше казнет со 10 секунди поради контактот со Хамилтон во 37. круг од претпоследната трка во Ф1, но го задржа второто место.

„Се надевам дека оваа трка ќе има доволно последици за сите да научат нешто. Се надевам дека ќе се прилагоди за трката во Абу Даби да помине одлично. Но, може и да заврши со хаос, а мислам дека никој не сака битката за титулата да ја реши судир“, кажа Волф.