Звезда подобра по епскиот пенал - рулет за пласман во плејофот во ЛШ

Српскиот фудбалски шампион, екипата на Црвена звезда, по епскиот пенал рулет се пласираше во последното квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Тимот од Белград и покрај тоа што од 55 минута играа со играч помалку, поради црвен картон на Милуновиќ, сепак успеа да го издржи налетот на гостувањето кај Копенхаген и по регуларните 90 минутирезултатот гласеше 1-1, идентично како и пред седум дена. По продолжението повторно на теренот играше само тимот од Данска, но Звезда со одлична одбрана успешно се одбрани.

Ниту дополнителните 30 минути не донесоа победник, по што следуваше пенал-рулетот. Во ударите од 11 метри поуспешни беа гостите, откако Винд не реализира во 11-та серија.

Фудбалерите на Ајакс забележаа победа со која ги продолжуваат настапите во квалификациите за Лигата на шампионите. По ремито од 2-2 во Солун против ПАОК, вечерва беше 3-2 за домаќините. Пласман во плејофот обезбедија уште и екипите на Линц, Олимпијакос, Клуж и Краснодар, кој на сензационален начин го елиминира португалски Порто.