Зидан по елиминацијата од Сити прокоментира и за својата иднина во Реал Мадрид!

За Реал Мадрид заврши годинешното издание од Лигата на шампионите и тоа уште во осминафиналето по двата идентични порази од Манчестер сити (2-1), што беше причина тренерот Зинедин Зидан да направи анализа на направеното, но и да ја прокоментира сопствената иднина во клубот.

Французинот му честита на противникот, но потенцира дека е горд на своите момци.

„Како да бидете среќни кога ќе загубите. Сити не победи двапати и јас им честитам на тоа. Но, тоа не ме спречува да бидам горд на моите момци и на тоа што го направивме сезонава. Дадовме сѐ од себе, но клучен се покажа поразот во првиот дуел во Мадрид. Без разлика на сѐ, сакам да им се заблагодарам на моите играчи на сѐ што му дадоа сезонава“, изјави Зидан.

Тој се осврна и на тоа што следува.

„Сега е време на заслужен одмор. Но, јас сум тука, дел од Реал Мадрид. Тренер сум на овој клуб и засега тоа е единствената реалност“, самоуверено потврди Зидан.