Застана во одбрана на Роналдо, ама поради изјавите мораше да се извинува
Најлуда изјава во одбраната на моментот кога Роналдо го фати за глава Муриљо и за тоа доби црвен картон, имаше Емре Џан.
„Дали требаше црвен картон? Дознав дека е исклучен зошто го потегнал за коса. Па ние не сме жени. Пуштете не да играме фудбал“, рече Џан.
Арно ама, фудбалерот на Јувентус, кој дојде летово како слободен играч од Ливерпул се најде во големи маки. За оваа изјава со која сакаше да го одбрани Роналдо, го навлече гневот на понежниот пол и беше обвинет за сексизам. На крај мораше да им се извини на жените за неговата изјава.
„Жал ми е за коментарите за завчерашниот меч. Моите зборови за исклучувањето на Кристијано Роналдо предизвикаа одредени коментари, па сакам да кажам дека целта не ми беше да ги понижам жените. Сите кои ме знаат, знаат дека има многу големо почитување кон жените. Целта беше само да застанам зад мојот соиграч и да укажам на грешката која е направена. Се извинувам ако со мојот коментар некого навредив“, рече Џан.