Вардаровите навивачи хит на социјалните мрежи: Две знамиња на Фенербахче останаа во Скопје (ФОТО)

Навивачите за најголем плен, освен победата на својот тим, го сметаат и запленувањето на противничките знамиња или транспаренти.

Па откако Фенербахче синоќа во Скопје загуби со 2-0 од Вардар, причина за славје имаа и „комитите“ кои одземаа две знамиња на гостинските фанови. Знамињата биле на навивачите на Фенербахче од Нови Пазар, Србија и од Косово.