Вардарова офанзива од самиот старт – Барсегјан ќе го предводи нападот!

Новиот вардаров кормилар Чедомир Јаневски ќе тргне офанзивно против турски Фенербахче на денешниот прв меч од плејофот во квалификациите за Лига Европа и ќе се потпре на фудбалерите кои најчесто беа првотимци во досегашниот дел од европските мечеви.

Поради заминувањето на Бразилецот Балотели во Катар, сега Ерменецот Тигран Барсегјан ќе биде најистурен, иако доскорешниот тренер Гоце Седлоски го форсираше на крилната позиција.

По крилата сега ќе делуваат Дамир Којашевиќ и Дејан Блажевски, а во средниот ред ќе биде стандардната трoјка - Стефан Спировски, Бобан Николов и Хуан Фелипе.

Никакви промени нема на голманската позиција и во дефанзивната линија.Филип Гачевски ќе биде меѓу диреците, а Хофханес Хамбарџумјан, Бобан Гнчаров, Евгениј Новак и Бесир Демири во последната четворка.

Новото вардарово засилување Итало Хосе Оливеира дос Сантос, кој дојде како замена за Балотели ќе чека шанса од клупата за резерви за овој дуел

СОСТАВ: Гачевски – Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Демири – Спировски, Николов, Фелипе – Блажевски, Којашевиќ – Барсегјан.