
Вардар, Силекс и Работнички ги добија можните противници за Конференциската лига
Силекс е неносител во групата 2 и за можни ривали ги доби Петрокуб од Молдавија, Ордабаси од Казахстан, Дечиќ од Црна Гора и Урарту од Ерменија. Ист статус има и Вардар кој е во групата од каде би можел да ги добие Диделанж од Луксембург, Копер од Словенија, Сутјеска од Црна Гора или Ла Фјорита од Сан Марино. И Работнички е неносител, во групата 6, а може да игра со Дила Гори од Грузија, добро познатиот за македонските клубови Пјуник од Ерменија, Торпедо од Белорусија и Борац од БиХ.
Натпреварите од оваа фаза се на програмата на 10 и 17 јули, а в петок ќе се знаат и точните термини не одигрување.