Вардар никаде без Комити: 15-на навивачи ги бодрат црвено-црните во Трондхајм (ФОТО)

Најверните навивачи на Вардар, Комити не го оставаат својот миленик никаде, макар тој играл и преку 3.000 километри од Скопје. Така е и вечерва на стадионот „Ларкендал“ во Трондхајм, каде што 15-на членови на навивачите на црвено-црните пристигнаа по 60-часовно патешествие низ европа за до северозападот на Норвешка.