Неколку години западната трибина на „Филип Втори“ зјаеше празна, најжестоките навивачи на Вардар беа во „криза“, многумина се сомневаа во нивната смисла за постоење, но...

Вардар доби лекција по фудбал од рускиот Зенит, црвено-црните доживеаја катастрофа, но единствена бела точка на целиот натпревар беа токму вардаровите навивачи.

Собрани во бројка од околу 3.000 навивачи, пееја и при негатива од 0-5, целиот стадион ечеше од нивната песна, доволно да се прати порака - сонот им се оствари, сега само го живеат тоа што многу генерации пред нив само сонувале...

За останатата публика, која се посрамоти и која едвај исполни третина од „Филип Втори“, во друга прилика...

Сега, да им честитаме на вардаровите фанатици!