ВАР е урнебес-технологија: Офсајдот што му го свирна на Олимпијакос е – комедија (ВИДЕО)

Видео-технологијата (ВАР) не може да помине без некој урнебесен потег, а жртва на милиметрите што ги виде помошта за судиите е комична на вечерашниот меч Вулверхемптон – Олимпијакос.

Грците при негатива од 0-1, по половина час игра, израмнија, ама ВАР се јави и го поништи. Пресудија дека офсајдот со дел од раката од милиметри бил клучен за голот, иако тешко дека воопшто некој може да забележи со што фудбалерот на Олимпијакос во изградбата на нападот се нашол во недозволена позиција.

И не е чудо што Грците силно протестираат на одлуката.