Урнебес: Тадиќ му залепи шлаканица на Нерес, па го бакна да му – помине (ВИДЕО)

Холандскиот великан Ајакс со 3-0 го победи француски Лил за победнички почеток на четирикратниот европски првак и минатосезонски финалист во ЛШ, но освен триумфот во Амстердам мечот го одбележа и една урнебесна сцена и тоа после водечкиот гол.

Квентин Промес погоди во 18-та минута за водство, а во славјето српската ѕвезда Душан Тадиќ му залепи шлаканица на Давид Нерес. И Бразилецот почна да го чеша образот, веројатно зашто и го болеше, па откако Тадиќ сфати дека бил малку прегруб, реши да го бакне за да му помине.