УЕФА има „план Б“: Најдобрите осум екипи од ЛШ ќе играат во Португалија?

Европската фудбалска унија (УЕФА) во моментов разгледува и план Б за завршницата од Лигата на шампиони (ЛШ), а според „Фудбал Италија“ тие сметаат дека може да се игра завршен турнир во Португалија со најдобрите осум клуба.

Планот е сите екипи кои ќе се пласираат во четвртфинале да заиграат во Португалија на завршен турнир, на кој ќе се игра по еден меѓусебен дуел, а идејата е на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Така ќе се намали бројот на натпревари кои треба да ги одиграат клубовите, но и ќе се намали опасноста од пренесување на Ковид-19 со патување.