УЕФА го казни Динамо: „Бед блу бојс“ нема да гостуваат во Македонија или Гибралтар

Хрватскиот гигант Динамо Загреб во квалификациите од Лигата на шампиони (ЛШ) ќе заигра против подобриот од двобојот меѓу Шкупи и Линколн, а нема да имаат помош од навивачите на првото гостување.

Екипата на Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе мора да гостува без „Бед блу бојс“ бидејќи УЕФА им изрече казна поради инцидентите пред мечот со Севилја во Шпанија.

Динамо Загреб, исто така, ќе мора да плати казна од 30.000 евра.