
УЕФА ги одреди групите пред ждрепката за ЛШ: Малме најтежок можен ривал на Шкендија
Ждрепката ќе се одржи денеска во 14 часот, тетовскиот клуб е меѓу неносителите во групата А, а во првата рунда би играл со една од следните екипи: Малме од Шведска кој е и најсилен во ова друштво, потоа Жалгирис од Литванија, РФС од Летонија, Купс од Финска и ТНС од Велс.
Натпреварите од оваа фаза се на програмата на 8/9 и 15/16 јули, а в петок ќе се знаат точните термини на сите дуели.