Триумфи за Рома и Манчестер јунајтед, Адеми и Ристовски поразени од Вилјареал (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни првите четвртфинални натпревари во Лигата на Европа, а македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски заедно со Динамо Загреб беа поразени од Вилјареал на домашен терен со 0-1, додека триумфи остварија уште и Манчестер јунајтед против Гранада, како и Рома против Ајакс, додека Арсенал и Славија Прага одиграа 1-1.

Динамо Загреб постигна гол во 26. минута, но ВАР-технологијата досуди недозволена ситуација, по што казната пристигна преку Џерард Морено од пенал во 44. минута. Во второто полувреме и на двете страни имаше по неколку шанси, но мрежите останаа да мируваат.

Ајакс тргна одлично против Рома и поведе преку Класен во 39. минута, по што пропуштија шанса за 2-0, кога Тадиќ промаши пенал, а казната пристигна преку Пелегрини и Ибанез (2-1).

Манчестер јунајтед оствари солиден триумф против Гранада од 2-0, откако стрелци на погодоците беа Рашфорд и Фернандез, додека Арсенал направи неочекуван кикс и одигра 1-1 против Славија Прага.