
Торцида пустошела по Гимараеш како казнена експедиција! (ВИДЕО)
Со маскирани лица и облечени во црно, стигнале на плоштадот, во стариот дел на Гимараеш и почнале да фрлаат факели, шишиња, столчиња и маси од локалите кои ќе ги пресретнеле.
На едно од видеата, кое го пренесил и локалната телевизија, се гледа како луѓето седнати во едек локал стануваат и бегаат како да виделе армија, а Торцида маршира и пустоши како казнена експедиција. Хајдук има добри шанси да го мине Гимараеш, бидејќи славеше со 3-1 во Сплит, во првата рунда.