Судот во Лозана контра УЕФА: Сити ќе може да игра во ЛШ?

Судот за спортска арбитража во Лозана најверојатно ќе ја поништи одлуката на Европската фудбалска федерација за суспензијата на Манчестер сити од европските натпреварувања.

Ако може да им се верува на информациите на англискиот новинар Јан Чизман, кој ги следи случувањата во клубот, Судот решил да ги отфрли сите обвинувања против Сити.

„Изгледа дека Сити ќе биде целосно ослободен од обвинувањата во Лозана. Немам засега никаква официјална потврда. Во понедленик ќе ја дознаеме конечната одлука“, напиша Чизман.

УЕФА во февруари го казни Сити со забрана за настап во европските натпреварувања во следните две сезони поради кршење на финансискиот фер-плеј, а притоа „граѓаните“ добија казна од 30 милиони евра.