
Србија ремизира со Бугарија и обезбеди виза за ЕП
Нашиот северен сосед постигна гол за водство преку Вељковиќ во 17. минута од натпреварот, но Бугарите потоа направија целосен пресврт преку Русев и Десподов (1-2). Сепак, Бабиќ беше човекот кој обезбеди реми за домаќините во 82. минута.
Црна Гора мораше да победи против Унгарија и да чека кикс на Србија, но не го исполни ниту првиот услов, иако тргна со гол на Рубежиќ во 36. минута.
Собослаи ги шокира двапати за две минути гостите на средината на вториот дел (2-1), а победата Унгарија ја обезбеди во 93. минута (3-1).
Унгарија е прва во групата со 18 бодови, по што следи Србија со 14, Црна Гора заврши трета со 11, Литванија има шест, а Бугарија само четири бода.