Солзи на „Енфилд“: Милан за две минути го казни Ливерпул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан неочекувано водат по првото полувреме на гостувањето кај Ливерпул (2-1), откако во финишот, во само две минути, направија сензационален пресврт, откако противникот дотограш доминираше на теренот.

Гостите ги постигнаа сите три голови, откако Томори ја затресе сопствената мрежа уште во деветтата минута од мечот. Црвените пет минути подоцна можеа да ја удвојат предноста, но Мо Салах промаши пенал, за што казната стигна пред крајот на полувремето. Анте Ребиќ во 42. минута изедначи, а две минути подоцна Брахим Диаз донесе неочекувано водство за „росонерите“.

Интересно е и во Белгија, каде што ѕвездениот ПСЖ, за кој вечерва првпат заедно играат Меси, Нејмар и Мбапе, има само 1-1 против домашниот Бриж. Ерера донесе водство во 15. минута, додека Ванакен изедначи во 27. минута. Убедливо водство имаат Манчестер Сити против Лајпциг (3-1) и Ајакс на гостувањето кај Спортинг Лисабон (3-1), додека нема голови на средбите помеѓу Интер и Реал Мадрид односно Атлетико Мадрид и Порто.