Сите го славеа новиот рекорд на Ибрахимовиќ, а му го украде – Гибралтарец!

Иако вчеравечер цел свет објави дека Златан Ибрахимовиќ, шведската суперѕвезда е нов рекордер како најстар играч кој настапил во евроквалификации, сепак рекордот му го украл – Гибралтарец.

Ибрахимовиќ има 41 година и 172 дена, па со настапот во убедливиот пораз од Белгија на „викинзите“, го надмина Дино Ѕоф и неговите 40 години и 90 дена во 80-те години од минатиот век. Само што, во овој евроквалификациски циклус за ЕП 2024 во Германиј кој стартуваше, во малиот Гибралтар има ветеран кој е за четири дена постар од Ибра.

Ли Каскиаро со 41 година и 176 дена е најстариот фудбалер кој играл евроквалификации, а настапи против Грција во поразот на Гибралтарците. Инаку Каскиаро е еден од најпознатите играчи на Линколн и Гибралтар.

Всушност Ибрахимовиќ не ни стигна да постави рекорд, зашто влезе во 73-та минута, а Каскиаро играше од почеток, па така Швеѓанецот сега е втор највозрасен кој настапи во меч за континентален шампионат.