Шпанскиот новинар кој закачи коронавирус во Милано: Најдобра вест е што никого не сум заразил!
Кике откако е хоспитализиран и изолиран во клиника во Валенсија, се јави преку Твитер за да открие дека е најсреќен што никого не заразил откако го „закачил“ опасниот вирус кој пред нова година се појави во Кина, а се прошири сега низ Европа.
„Тука сум изолиран во клиниката во Валенсија и јас сум нултиот пациент. Никој не очекуваше дека еден од акредитираните новинари ќе биде еден од првите што е заболен, а во овој случај – првиот. Добро сум и сакам да упатам порака за смиреност кон сите кои беа во моја близина за време на патувањето и до моите партнери кои ме облекоа во последните часови и кои беа загрижени за да дознаат како сум. Најдобрата вест е дека не сум заразил ниту еден“, вели Кике.
Тој се пожали дека е премногу досадно во изолација, а дека очекува да закрепне како после една лесна настинка.
„Очекувам да закрепнам како после настинка. Ама тука е премногу досадно од било што, но тоа е логично и е присилна изолација. Лекови? Јавете се на 112. Ако не сте добри, веднаш одете во болница. Благодарение на тоа, јас не отидов на работа, туку во болница“, додава Кике.