Шкендија, Ренова и Шкупи ги дознаа можните противници во Лига Европа

Македонските екипи Шкендија, Ренова и Шкупи ќе играат во квалификациите во Лига Европа, а тие веќе ги дознаа можните ривали во првото коло од елитното натпреварување.

Шкендија е носител на ждрепката и ќе може да се соочи против Ноа (Ерменија), Петрокуб (Молдавија), Локомотив Тблиси (Грузија) и Сумгаит (Азербејџан).

Ренова за можни ривали ги доби незгодните Макаби Хаифа (Израел), Алашкерт (Ерменија) и Аполон (Кипар).

Шкупи, исто така, ќе има тешка задача, па ќе чека еден од следните ривали Кешла (Азербејџан), Хапоел Бер Шева (Израел) и Нефтчи Баку (Азербејџан).

Македонските тимови утре на ждрепката во Нион ќе дознаат со кого ќе излезат на теренот.