Шкендија доби шанса за реванш ако го мине Дуделанж – Номе Калју ги чека на патот кон плејофот!

Македонскиот шампион Шкендија повторно ќе има шанса да му се реваншира на естонски Номе Калју за поразот во првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите, откако тетовци денеска повторно го добија естонскиот тим за евентуален противник во третото коло во квалификациите за Лига Европа.

Ждрепката денеска во Нион сакаше на Шкендија да ѝ донесе шанса за римеч со Номе Калју, кој во следниве седум дена ќе се соочи со шкотскиот великан Селтик и Естонците се тотални аутсајдери, па вистинска сензација би било ако успеат на тетовци да им го донесат Селтик и да ги елиминираат Шкотите.

Шкендија за да стигне до Номе Калју ќе треба прво да го мине луксембуршки Дуделанж, со кого утре се соочува во првиот меч, а за една недела ќе гостува во Луксембург. Со ова на Шкендија повторно и се отвора патот кон плејофот во Лига Европа, зашто поминување на Дуделанж и Номе Калју ќе го однесе четвртипат на чекор до групната фаза во најмасовното натпреварување.

Првите мечеви за третото коло се на програмата на 8 август, а реваншите на 15 август.