Се пласира во осминафиналето на ЛШ, па на прес-конференција се појави како Зоро! (ВИДЕО)

Ветено - сторено! Тренерот на Шахтар Доњецк, Пауло Фонсека, по победата над Манчестер сити на вчерашната прес-конференција се појави облечен како Зоро.

Сите мислеа дека се шегува кога вети дека ќе се маскира како Зоро ако ја мине групната фаза во ЛШ, но тој си остана на зборот. „Зоро е мојот херјо од детството“, вели Фонсека, кој дојде во Шахтар минатата сезона, а дотогаш тренираше само португалски екипи.

Шахтар славеше со 2-1 против Манчестер сити, а со оглед на поразот на Наполи кај Феенорд и бездруго ќе се пласираше, но со победата над големиот Сити го крена расположението, а потоа со маската Зоро стави шлаг на целиот успех.

„Ова ми е највеселата прес-конференција во мојата кариера. Навистина сум среќен, не само што навивачите на Шахтар можат да бидат горди на ова, туку можат сите Украинци.“