Саутгејт подготвува изненадување за Пикси во првиот натпревар на ЕП?

Фудбалската репрезентација на Англија првиот натпревар на Европското првенство ќе го игра против Србија, а селекторот на „Гордиот Албион“ има посебен начин на припреми за овој натпревар.

Како што пренесуваат „Тајмс“ и британскиот „Телеграф“, Саутгејт има намера да направи една тактичка промена за првиот натпревар на Европското првенство.

Информациите од Островот се дека Трент Александер Арнолд ќе стартува во средниот ред заедно со Даклан Рајс, додека на местото десен бек би играл Киеран Трипие. Се напоменува и дека „осмицата“ на грбот на Арнолд најавува дека тој ќе игра во средниот ред.

Англичаните разочараа во последниот натпревар пред турнирот и беа поразени од Исланд со 0:1, па останува да видиме што ќе донесат овие промени ако навистина се случат.

Натпреварот против Србија, Англија го игра на 16. Јуни, додека потоа ги очекуваат натпревари против Данска и Словенија кои исто така се во групата „Ц“.