Роналдо официјално потврди: По СП повеќе нема да играм за Португалија!

Најконтроверзниот светски фудбалер во моментов, Кристијано Роналдо, во вториот дел од бомбастичното интервју за Пирс Морган го потврди тоа што многумина го очекуваа, дека повеќе нема да игра за Португалија.

Настапот на претстојниот Мундијал во Катар ќе биде последен во националната селекција за најдобриот португалски фудбалер на сите времиња, што ќе значи крај на една ера и низа рекорди кои тешко дека во догледно време ќе бидат достигнати. Тој досега има одиграно 191 средба за Португалија со 117 постигнати голови.

Роналдо во вчерашниот прв дел, од кој извадоци читавме изминативе денови, го нападна менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, легендите на клубот Гери Невил и Вејн Руни, а кажа и многу други работи кои ја шокираа светската спортска јавност.