Рома на крилјата на Дибала го „нокаутира“ Порто во Лига Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома триумфираа против Порто со 3-1 во реваншот од борбата за осминафинале во Лига Европа, а одличен настап имаше Аргентинецот Пауло Дибала.

Саму им донесе предност на гостите од Португалија во 27. минута, но набрзо се разбуди Дибала кој со два одлични погодоци обезбеди целосен пресврт и водство на Рома од 2-1.

Еустакио доби црвен картон на почетокот на вториот дел во редовите на Порто, по што Рома го диктираше темпото до крајот на средбата и преку Писили зголеми на 3-1, додека конечниот резултат (2-3) го постави Девин Ренш со автогол.

Пласман во следното коло обезбедија и ФЦСБ со триумфот од 2-0 против ПАОК, како и АЗ Алкмар со вкупни 6-3 против Галатасарај.