Реал Сосиедад со Јанузај, но без Хименез и Одриозола доаѓа во Скопје (ФОТО)

Шпански Реал Сосиедад денеска го објави списокот на повикани фудбалери со кои ќе допатува во Скопје на пресметката во третото коло во Лига Европа против макеоднскиот првак Вардар на Националната Арена „Филип Втори“ в четврток (19 часот).

На списокот на повикани е и најголемото засилување на баскискиот тим, Аднан Јанузај, кој го повреди коленото пред неполн месец на дуелот со Зенит во второто коло во Лига Европа. Шпанците објавија дека за овој дуел поради повреди ќе недостасуваат Хуан Мигел Хименез и Алваро Одриозола, а во конкуренција од претходно не се ниту дефанзивецот Мартинез, играчите за врска Зурутуза, Гуриди, како и напаѓачите Хуанми и Агритече.

Сосиедад по две кола има една победа во групата, а Вардар е без бодови.