Реакцијата на Роналдо кога Бернардо Силва ја доби награда за МВП на ЛН (ВИДЕО)

Португалија го освои премиерното издание на Лигата на Нации на УЕФА, откако синоќа во Порто со минимални 1-0 ја совлада Холандија. 

За најдобар играч на завршниот турнир на кој учествуваа и Англија и Швајцарија беше прогласен Бернардо Силва на изненадување најмногу на Кристијано Роналдо.

Реакцијата на капитенот на Португалија, кога слушна дека Силва е МВП на разгласот кажува сè. Очигледно не беше премногу среќен што тој не ја доби наградата, со оглед на фактот дека во полуфиналето против Швајцарија постигна три гола.