Познати се сите учесници на ЕП 2024 (ФОТО)

Грузија, Украина и Полска се последните три патници на Европското првенство (ЕП) 2024, кое се игра од 14 јуни до 14 јли во Германија.

Од групата Ц се пласира Грузија која на пенали славеше против Грција, додека Украина со 2-1 го совлада Исланд, а Полска на пенали го елиминира Велс.

Германија како домаќин имаше сигурно учество на турнирот, додека останатите селекции беа одредени преку квалификациите.

ЕП ќе го отвори домаќинот на 14 јуни против Шкотска, а еден ден подоцна играат Унгарија и Швајцарија, Шпанија и Хрватска, како и Италија и Албанија.