Потук: Многу го почитуваме Вардар, но тука сме дојдени по резултат

Фудбалерот од средниот ред на Фенербахче, Алпер Потук вели дека турскиот тим е запознаен добро со квалитетите на Вардар. Имаат голема почит за нашиот шампион, но Фенербахче е дојден во Скопје по позитивен резултат.

„Тука сме да оствариме резултат кој ќе претставува предноста за нас, се надеваме дека ќе ги исполниме  задачите на нашиот тренер и ќе дојдеме до позивитен резултат. При нашите анализи увидовме дека Вардар е сериозен тим. Утре играме против силна екипа, но ние веруваме во нашите квалитети. Многу го почитуваме Вардар, но се надеваме дека ќе дојдеме до посакуваниот резултат“, вели Алпер Потук.