Посебен ден за „Специјалниот“: Мурињо вечерва ќе собори уште еден рекорд во ЛШ

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо вечерва ќе стане првиот менаџер кој предводел три различни тимови од Премиер лигата во Лигата на шампиони.

Мурињо во Лигата на шампионите го предводеше Челси и Манчестер Јунајтед, а вечерва ќе биде на клупата на Тотнем, тим кој ќе го пречека Олимпијакос.

Мурињо пред една недела го презеде клубот од северен Лондон, а своето деби го имаше викендов на гостувањето против Вест Хем, кој го добија „петлите“ со 2-3.

Инаку, Португалецот ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2003/04 со Порто и во 2009/10 со Интер, додека со Манчестер Јунајтед ја освои Лигата на Европа во сезоната 2016/17.