Полувреме во ЛШ: Баерн води минимално во Москва, Интер два пати погоди статива (ВИДЕО)

Актуелниот европски првак Баерн Минхен води со 1-0 на гостувањето кај Локомотив Москва во рамки на 2.коло во Лигата на шампиони. 

Леон Горецка беше стрелец на голот за Германците во 13-тата минута по асистенција на Бенжамин Павар.

На вториот дуел што започна во 18:55 часот, Шахтјор и Интер играат без голови по првите 45 минути. „Нераѕурите“ беа најблиску до водство, бидејќи два пати ја погодија рамката од голот на Украинците, еднаш Николо Барела, а потоа и Ромелу Лукаку.