Пеколен старт на ПСЖ: Нејмар до Мбапе за шок на „Алијанц Арена“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ маестрално го отворија првиот четвртфинален-меч од Лигата на шампионите (ЛШ) против Баерн Минехн, откако по само три минути дојдоа до водство на гостувањето на „Алијанц Арената“.

Тоа беше пеколен контранапад на францускиот тим, по што Нејмар одлично се втрча кон шеснаесетникот на „баварците“ и во вистински момент асистира до Килијан Мбапе, кој со силен удар ја смести топката во мрежата на Мануел Ноер.