Патот на Роналдо до трофејот на Еуро 2020: Го начека Пандев, се тепаше со Шаќири... (ВИДЕО)

Познатот уметник Омар Момани, кој е познат по неговите карикатури кои ги објавува за британски „Гол“ реши да направи цртан филм на кој го претставува патот на Кристијано Роналдо кон трофејот на Еуро 2020.

Португалија ја брани титулата на Европското првенство (ЕП), а воопшто нема да има лесна задача затоа што уште во групната фаза ќе се соочи против Унгарија, Германија и Франција.

Во цртаниот филм се појавува и македонскиот капитен Горан Пандев, но и останати ѕвезди од другите селекции, па вреди да се погледне видеото кое трае три минути.