Ова не е нормално: Историјата „му мести“ на Ливерпул финалиња и титули во ЛШ!

Англиските медиуми уште пред осминафиналето пишуваа дека ова е година на Ливерпул и дека, најмалку, ќе се пласира во финалето во Киев или, пак, ќе ја освои Лигата на шампионите. Аргументите за тоа е бизарна традиција, која прераснува во застрашувачко правило.

Ливерпул има пет европски титули, а неколку од нив се дел од една неверојатна коинциденција, која може да се повтори и оваа година.

Во 1978 година Ливерпул ја освои својаа втора европска титула, но истата година починал тогашниот римски Папа, а репрезентацијата на Велс во рагби постигнал Грен слем (ги победил сите останати репрезентации од шампионатот „Шест нации“).

Во 1981 година Ливерпул повторно се качил на врвот на Европа, а се случил нов важен момент од јавниот живот - свадба направиле принцот Чарлс и принцезата Дајана правеле свадба.

Во поново време, црвените од „Енфилд“ станаа европски шампиони во 2005 година, во фамозното финале против Милан кое заврши 3-3 во основниот дел. Во истата 2005 година се обединија двата големи настана од '78 и од '81: почина Папата Јован Павле Втори, а принцот Чарлс правеше нова свадба, се ожени со Камила Баркер.

Оваа година Ливерпул повторно се пласира во финале и повторно има кралска свадба: овој месец се жени принцот Хари.

Меѓутоа, ова не е единствената нумерологија околу Ливерпул, туку има уште една поврзана верувале или не, со - изборот за песна на Евровизија.

Финалето во ЛШ оваа година се игра во Киев, истиот град кој лани беше домаќин на фестивалот популарно наречен Евровизија. Ќе си речете, мала коинциденција, но што ако се сетиме дека и последните два случаја кога Ливерпул играл финале оваа коинциденција се повторува. Во 2004 стана шампион во Истанбул, откако година претходно на Босфорот се одржа Евровизија, а во 2007 година Атина се јави како домаќин на ЛШ, исто како и на Европвизија во 2006.

За да продолжи морничавата врска на фудбалот и изборот за песна на Евровизија, иако целосно неповрзано со Ливерпул, во 2004 година и во 2016 година, на оваа музичка манифестација победуваше земјата, која е и актуелен европски првак во фудбал - Грција и Португалија.