Османи: Одговорноста е на сите – сите ја сносиме!

Тренерот на макеоднскиот шампион Шкендија, Ќатип Османи после новиот пораз, денеска со луксембуршки Дуделанж посочи дека повторно тетовци не функционираат како што треба и повторно таа реализација е проблематична веќе трет меч по ред.

Тренерот на тетовци посочи дека одговорноста за поразот сите ја сносат подеднакво.

„Одговорноста е на сите, сите ја сносиме. Без оглед дали голманот е крив, или напаѓачот е крив што не дал гол. Сите сме одговорни за ова“, рече Османи.

Шкендија нема дадено гол од игра веќе 270 минути и трите гола досега ги даде само од пенал, но тетовци потфрлија во момент кога неочекувано имаа пат при водство.

„Го отворивме мечот како што сакаме, дадовме гол, имавме шанси и на почеток на вториот дел и потоа примивме два гола по наша грешка. После тоа не успеавме да се вратиме, но нас ни се повторува таа нереализација. Нѐ очекува втор меч и треба да се концентрираме и да се спремиме за тој реванш. Овој пораз со пресврт не е плод на лоша физичка подготовка, туку се прашање на моменти, на два моменти од вториот дел кои се покажаа како клучни. Пак потфрливме со таа реализација, без оглед што Дуделанж го имаше поседот. Пропуштивме многу шанси, но пропуштивме да одиграме и најдобро што можеме. Пак не бевме во елимент, пак не одигравме квалитетен меч. Фудбалерите во нашиот тим се добри играчи, квалитетни индивидуалси, но очигледно е дека коцките не се сложени и дека не функционираме како што треба“, вели Османи.