Новата сезона во Лига Европа почна со гол за победа во 91. минута!

Првиот натпревар од новата сезона во Лига Европа донесе изедначен дуел помеѓу Спартак Москва и полска Легија, кој беше решен дури во судиското продолжение и тоа за екипа од Варшава.

Руските фудбалери беа подобри во најголемиот дел од средбата, но не знаеја како да ја искористат надмоќта на теренот, за што на крајот беа казнети. Гостите од Полска во последните моменти дојдоа во изгледа ситуација и погодија преку Лирим Кастрати во 91. минута, па дома си заминаа со драгоцени три бода.

Ова беше меч од групата Ц, во која уште се Наполи и Лестер. Останатите средби од воведното коло од ЛЕ се играат утре.