Немаше среќа: Блесна со хет-трик за едно полувреме, па се - повредил!
Адејми погодоците ги постигна во 11. 29. и 42. минута, но но самиот старт од вториот дел во 48. минута го напушти натпреварот поради повреда.
Денеска напаѓачот изрази надеж дека не станува збор за ништо сериозно.
„Се надевам дека не е ништо серозно и очекувам брзо да се вратам. Ова беше посебен натпревар за мене, мој прв хет-трик, нои и за тимот. Постигнавме седум голови што е секако фантастично. За мене лично си поставив високи цели, започнав добро и скоро секој удар беше гол“, изјави 22-годишниот фудбалер.
За Борусија по овој натпревар ја чека дуелот против Унион Берлин во рамките од Бундеслигата.