Не е бездомник: Тоа е помошникот тренер на Атлетико Мадрид (ФОТО)

Диего Симеоне нема право да го води Атлетико Мадрид на Суперкуп дуелот против Реал Мадрид во Талин, Естонија поради суспензијата која му трае уште од минатата сезона, поради недолично однесување на натпреварот против Арсенал во Лигата на Европа. 

Неговото место на клупата крај теренот го зазема помошникот тренер Герман Бургос. Режисерите на преност од Суперкупот само еднаш го дадоа во кадар Аргентинецот, а потоа се фокусираа исклучиво на тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги при секој прекин на играта.

Тоа е затоа што Бургос изгледа како пештерски човек, односно како бездомник кој залутал крај аут-линијата на стадионот во Талин.