Најдобрите на едно место: Тимот на годината изгледа - феноменално (ФОТО)

Навивачите во текот на изминатата недела имаа можност да го изберат тимот на годината за 2019 година.

Тимот на хартија изгледа фантастично, а во него се најдоа дури петмина фудбалери од Ливерпул, екипа која ја освои Лигата на шампионите, а подоцна и Светскиот клупски куп.

Изненадувањето е отсуството на Мохамед Салах, а за прв пат по многу години нема членови на Реал Мадрид во тимот.

Дури седум дебитанти се најдоа во тимот, а тоа се Алисон Бекер, Трент Александар-Арнолд, Матијас де Лихт, Ендју Робертсон, Френки де Јонг, Роберт Левандовски и Садио Мане.

Кристијано Роналдо е во тимот по рекорден 14-ти пат, додека секако во него имаше место и за Лионел Меси, кој годинава ја освои шестата „Златна топка“.

На голот е споменатиот Алисон, додека одбраната ја сочинуваат Александар-Арнолд, Вирџил ван Дајк, Де Лихт и Робертсон.

Во средниот ред имаше место за Кевин де Брујне и Френки де Јонг, додека нападот изгледа феноменално со Меси и Мане по крилните позиции, додека Роналдо и Левандовски би биле „истурени“ напаѓачи.