„На Ботошани му залепија фаворитска улога само зашто е од Романија, а Шкендија од Македонија!?“

Романски Ботошани, клубот на двајцата поранешни макеоднски репрезентативци Давид Бабунски и Стефан Ашковски, утре попладне ќе ја пречека Шкендија во второто квалификациско коло во Лига Европа, со сериозна амбиција да ги мине тетовци и да ја добијат наградата на сезоната – пресметка со лондонски Тотнем и Жозе Мурињо.

Ботошани вторпат игра на европска сцена, па ако се мери искуството, Шкендија би требала да има предност на тој план, после серијата добри настапи со четири плејофи до ланската бламажа. Но, романскиот клуб е сериозен тим, доста квалитетен, па Шкендија ја чека многу тешка задача на утрешното гостување, второ за нив во оваа сезона, откако славеа со 2-0 од два пенали против азербејџански Сумгаит во првата рунда.

„Знам сигурно дека нема да биде лесно и тоа единствената работа што е сигурна. Но, ние сме во добар момент историски момент за нашиот клуб и секако за играчите кои треба да се издигнат на ова ниво. Нас не сметаат за фаворити зашто сме од Романија, а тие од Македонија, но ако измериме што имаат направено, биле шампиони, секогаш се меѓу првите три во домашното првенстов од 2013 година и имале успешни европриказни, тогаш сликата не е баш таква за нашата фаворитска улога. За ваков меч во квалификации е тешко да се направи стратегија која ќе функционира од почеток до крај, зашто пласман во следната рунда е во преден план“, вели Мариуш Коитору, тренерот на Ботошани

Самиот факт дека победникот од овој дуел го чека мега-меч со лондонскиот премиерлигаш Тотнем, предводен од Мурињо е дополнителната мотивација покрај 280-те илјади евра плус во касата за пласманот во третата квалификациска рунда. Тотнем е финалист во ЛШ од 2019 година, па...

„Тотнем е дополнителна мотивација и тоа е нешто што посебно привлекува и убедени сме дека можеме да стигнеме до таква пресметка, зашто нема фудбалер кој не би сакал да игра со таков тим. Таков меч е бенефит за секого, па затоа го сакаме пласманот и потоа на ист начин да играме и со еден Тотнем“, додава Георге Цимпану, фудбалерот на романскиот клуб.