Мурињо во свој стил: Од филмот ќе дознаете што им кажав на фудбалерите на полувреме! (ВИДЕО)

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо одлично стартуваше на клупата на Тотнем, па по првите два меча има исто толку победи, а воедно неговиот тим постигна седум гола.

„Специјалниот“ прво забележа победа на гостувањето кај Вест Хем со 2-3, а вчера триумфрираше и во Лигата на шампионите против Олимпијакос со 4-2, па така го завери пласманот на Тотнем во нокаут фазата.

Иако на полувремето „петлите“ губеа со 1-2, сепак во второто полувреме одиграа далеку подобро и на крајот славеа со 4-2. После натпреварот, новинарите беа заинтересирани за тоа што им кажал Мурињо на своите играчи на полувреме, а „Специјалниот“ даде одговор во свој стил.

Мислам дека ако почекате неколку месеци и купите филм од „Амазон“ - ќе дознаете, одговори Мурињо.

Инаку, веќе некое време, продукцијата „Амазон“ ги следат случувањата во Тотнем, бидејќи прави документарен филм за овој лондонски клуб. Исто така Португалецот во неколку наврати се пожалил на фактот дека е принуден постојано да носи микрофон.